Поврзете се со нас

Англија

„Скај“: Ливерпул има вербален договор со наследникот на Клоп

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп предизвика шок за Ливерпул и неговите фанови со најавата дека заминува по крајот на сезоната, а тоа донесе и вонредна активност на премиерлигашот за потрага по идниот менаџер.

Во комбинација беа неколку имиња, но на крајот очигледно дека наследник на Клоп ќе биде Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, кој е подготвен за многу поголем предизвик во својата тренерска кариера.

„Скај Германија“ утринава објави дека Ливерпул и Аморим веќе имаат усмен договор за соработка и најавен е тригодишен договор за португалскиот стручњак.

Ливерпул засега одбива да говори на оваа тема, но германскиот медиум тврди дека останува да се прецизираат само уште мали детали од договорот и истиот да биде подготвен за потпишување.

Аморим има откупна клаузула во својот договор и Ливерпул со одредена отштета ќе го ослободи од обврските кон Спортинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни