Поврзете се со нас

Светски првенства

Сити ќе добие најмногу пари од ФИФА за учеството на фудбалерите на СП во Катар

Објавено

на

Манчестер Сити ќе добие најголема сума од ФИФА како компензација за учеството на неговите фудбалери на СП во Катар.

Европскиот и англиски шампион ќе добие 4,6 милиони од вкупно 209 милиони долари кои ФИФА ќе ги распредели на клубови од сите континенти, со што е убедливо на првата позиција во оваа категорија во однос на премиерлигашите.

Во Топ 5 пласманот според износот на компензација следуваат Барселона со 4,53 милиони, Баерн Минхен со 4,3 милиони, како и Реал Мадрид и ПСЖ со по 3,8 милиони долари.

Од премиерлигашите, на второто место е Манчестер Јунајтед со 3,3 милиони, а потоа следува Челси со 3,2 милиони долари.

Англиските клубови добија најмногу на ниво на земја (37,7 милиони), а дури 76 проценти од целата сума на ФИФА ќе биде распределена на европски клубови.

Износот се одредува според бројот на денови кои 837 фудбалери ги минале како учесници на СП во Катар, при што просечната дневница изнесува 10.950 долари. Компензацијата е поделена на 440 клубови, а ФИФА најави дека нејзиниот вкупен износ ќе биде зголемен за следниот мундијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни