Поврзете се со нас

АТП

Синер со лекција за Хуркач на дебито на завршниот Мастерс

Објавено

на

Јаник Синер влета како замена за повредениот Матео Беретини и експресно стигна до првата победа на завршниот Мастерс во Торино.

Учеството на Синер беше потврдено само неколку часа пред почетокот на мечот, а младиот Италијанец одлично ја искористи шансата која ја доби од својот постар сонародник.

Синер го победи Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови, при што загуби по два гејма во двата одиграни сета.

Резултатот 6:2/6:2 најдобро ја отсликува доминацијата на Италијанецот, кој во последната рунда ќе се бори за пласман во нокаут фазата на мечот со актуелниот лидер Данил Медведев.

Медведев со две победи веќе има обезбедено полуфинале, додека последното коло ќе донесе интересна битка за второто место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни