Поврзете се со нас

АТП

Синер со џентлменски коментар за големата судиска грешка која го остави без финале во Монте Карло

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Јаник Синер остана без можност да се бори за трофејот на Мастерсот во Монте Карло, а тениските фанови беа шокирани од големата судиска грешка, која го сврте моментумот во корист на неговиот вчерашен противник, Стефанос Циципас.

Италијанецот требаше да стигне до 4:1 во третиот сет, но големата судиска грешка му овозможи на Циципас да го одбрани сервисот и потоа да влезе во серија, на која и кумуваа и физичките проблеми на Синер.

На крајот, Циципас го доби полуфиналето, а оштетениот Синер покажал класа со изјавата на прес-конференцијата, на која секако главна тема била грешката на судиите, кои не видоа голем аут по сервисот на Гркот.

– Се случуваат и вакви работи, тоа е веќе минато и онака ништо не можеме да промениме.

– Нормално дека е тешко да се прифати, играв добар тенис, се одеше во вистинска насока, но секој може да направи грешка. За жал и јас правам грешки.

– По тој момент се тргна наопаку, Стефанос го подигна нивото, едноставно моментумот се промени, но ова е забавната страна на тенисот, – со насмевка на лицето искоментирал Синер.

Циципас ќе се бори за трофејот со Каспер Руд, кој пак го изненади Новак Ѓоковиќ во вчерашното полуфинале.

Синер беше „ограбен“ од судиите во Монте Карло, Циципас преку драма до големото финале (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни