Поврзете се со нас

АТП

Синер беше „ограбен“ од судиите во Монте Карло, Циципас преку драма до големото финале (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ROLEXMCMASTERS

Јаник Синер успеа да направи пресврт и да се врати од негатива на мечот против Стефанос Циципас, но во моментите кога личеше дека го игра најдобриот тенис и е пред пласман во финалето, Италијанецот беше „ограбен“ од судиите и една топка го промени цел тек на третиот сет.

Гркот покажа дека е специјалист за земја и значително ги поправи резултатите во Монте Карло, но денеска го победи најразиграниот тенисер на АТП турот со мала помош од судиите.

Циципас го доби првиот сет со 6:4 и најави возбудлив и долг меч, а потврда за тоа добивме во вториот во кој Синер реагираше и возврати со 6:3.

Одлуката падна на третиот сет кој далеку подобро го отвори Синер, кој покрај тоа што направи брејк, требаше во џеб да има и втор при резултат 3:1 во гејмови.

Вториот сервис на Циципас заврши во аут и автоматски на семафорот требаше да биде 4:1 за Синер, но наместо тоа, судиите не се огласија и поенот му припадна на Циципас.

Јаник јасно и покажа на главната судија за големата грешка која беше направена на негова штета и повторената снимка докажа дека тоа беше очигледен аут, па од тука почна моментумот да се префрла на спротивната страна.

Циципас го одбрани својот сервис и намали на 3:2, а потоа Синер почна да има физички проблеми и освои само еден гејм во наредните пет. Наместо 4:1 и сервис за 5:1, Синер мораше да се помири со горчлив пораз од 6:4, па така прв финалист на Мастерсот во Монте Карло се претвори Циципас.

Контроверзниот момент погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни