Поврзете се со нас

АТП

Синер и Алкарас одиграа поен за паметење, Италијанецот ги откри причините за поразот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Тениските фанови со нетрпение го очекуваа новото соочување на Јаник Синер и Карлос Алкарас, а нивниот полуфинален дуел на Индијан Велс ги исполни очекувањата и покрај прекинот поради лошите временски услови.

Добрите пријатели се соочија за пласман во финалето, а Алкарас со целосен пресврт се избори за победа, нанесувајќи му го првиот пораз на Италијанецот во 2024 година.

Алкарас и Синер одиграа и еден страшен поен, кој заврши во корист на Јаник, но двајцата го проследија со насмевка на лицето и на задоволство на тениската публика ширум светот.

По мечот, Синер открил дека имал физички проблеми, но ривалот заслужил да победи.

– Имав мали проблеми на повеќе делови на телото, посебно ме исплаши болката во лактот, останува да видиме како ќе се чувствувам утре.

– Но, тоа не е изговор за поразот, Карлос играше подобро и заслужи да победи. Јас промашив неколку лесни удари во третиот сет, треба да анализираме со мојот тим зошто се случија такви работи, – рекол Синер кој најави дека планира да игра на Мастерсот во Мајами.

Поразот од Алкарас го спречи Синер да го преземе второто место од Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни