Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне го „поздрави“ Клоп: Јас си имам свои манири и правила

Објавено

на

Јирген Клоп се претвори во најголем критичар на Диего Симеоне и во неколку наврати јавно порача дека не му се допаѓа стилот на игра на неговиот Атлетико, вклучувајќи ја и изјавата која ја даде пред натпреварот кој се одигра на „Ванда Метрополитано“ пред две седмици.

Атлетико загуби на домашен терен со 2:3 во еден тензичен и навистина возбудлив натпревар, по кој, популарниот Чоло веднаш побегна во подтрибинскиот простор и не се поздрави со колегата од спротивната страна, до кого сега испрати „поздрав“ по сите зајадливи коментари кои дојдоа од Германецот во изминатите две години.

Симеоне на денешниот прес уште еднаш објасни дека никогаш не се поздравува со противничките тренери по крајот на натпреварите, но во своеото обраќање, нагласи дека никогаш нема да дава коментар за стилот на игра на Ливерпул, нешто што Клоп го направи за неговиот Атлетико.

– Веќе дадов објаснување по крајот на мечот, но сега ќе се повторам. Не се поздравувам по крајот на мечот бидејќи емоциите кај двајцата тренери се различни. Во Англија на тоа се смета како џентлменство, но јас не го делам тоа мислење, не се согласувам со таа култура. Не сакам лажни поздрави и сакам искрени чувства.

– Не го познавам Клоп лично, можам да кажам дека е фантастичен тренер и ја ценам цела работа која ја направи во сите клубови. Сепак, никогаш нема да го коментирам стилот на игра на другите тимови, јас имам свои манири и правила. Ние менаџерите мора да се почитуваме, – порача Симеоне пред утрешниот меч со Ливерпул на „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни