Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Симеоне го издвои најважниот играч на Атлетико и посочи: Ја научивме лекцијата од Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Диего Симеоне и неговиот Атлетико Мадрид имаат променливи резултати во Ла Лига од стартот на сезоната, а лошата форма во гости за малку скапо ќе го чинеше шпанскиот претставник и во Лигата на шампионите.

Атлетико одигра многу лошо на гостувањето во Милано и имаше среќа што прими само еден гол од Интер, нешто што му овозможи да брка пресврт на реваншот, особено во ситуација кога „колчонеросите“ изгледаат како целосно друг тим на домашен терен.

Избраниците на Чоло го елиминираа Интер на пенали и сега во четвртфиналето ќе се соочат со Борусија Дортмунд, натпревар пред кој Аргентинецот посочи дека сега сите се свесни за важноста на првиот меч.

– Натпреварот со Интер ме натера да сфатам дека овој тим има сили да оди далеку во ова тешко натпреварување. Можеме да се бориме и во топ осум, ја научивме лекцијата од тој двомеч и сега повторно одиме чекор по чекор, – изјави Симеоне, кој нагласи дека Гризман е најважен играч во неговиот тим.

– Гризман е најважниот играч кој го имаме, тимот се адаптира на неговите квалитети и сите знаеме што е потребно за да го разиграме на вакви натпревари, – изјави Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни