Поврзете се со нас

Светски првенства

Шредер е МВП, ова е најдобрата петорка на СП (ФОТО)

Објавено

на

Германија успеа да дојде до Светската кошаркарска титула и тоа откако во големото финале ја надигра селекцијата на Србија и тоа во средба во која блескаше Денис Шредер.

Плејмејкерот беше прв стрелец со 28 поени на кои додаде 2 скока и 2 асистенции и со тоа на најдобар можен начин го заокружи овој турнир за кој беше прогласен и за најкорисен играч. Тој имаше просек од 19,1 поен, 6,1 асистенција, 2 скока и 1,4 украдени топки по натпревар за што го доби признанието МВП.

Освен него во идеалната петорка на Мундобаскетот се Богдан Богдановиќ од вицешампионот Србија, Лука Дончиќ од Словенија, Американецот Ентони Едвардс и најквалитетиот канадски репрезентативец, Шај Гилџес Александер.

Во втората петорка се избрани Валанчиунас, Жагарс, Фонтекио, Вагнер и Милутинов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни