Поврзете се со нас

Свет

Шортс и Париз го суредија Асвел во првата полуфинална битка во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/LDLCASVEL

Париз на Ти-Џеј Шортс го одбрани домашниот терен и славеше над Асвел со 94:81 во првата средба од полуфиналната плејоф рунда во Франција.

Домашниот состав имаше пеколно отварање и првите 10 минути ги реализираше со 33:11, па воден од таа предност и енергија во продолжението беше полесно иако гостите даваа отпор и се обидуваа да го направат мечот поинтересен.

Сепак и покрај сите обиди, разлика беше голема, Шорт и компанија никогаш не беа загрозени, притиснати до ѕид, односно сосема заслужено поведоа со 1-0 во ова соочување.

Македонскиот репрезентативец беше автор на 14 поени со 3 скока и 3 асистенции, Малком со 18 беше прв стрелец.

И на вториот дуел Париз ја има улогата на домаќин (25 мај).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни