Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го скрши отпорот на Вардар во вториот дел и забележа убедлива победа

Објавено

на

Шкупи четврти пат во низа го победи Вардар во градските дерби пресметки, а фактот што нема примено ниту еден гол јасно укажува на тоа дека „црвено-црните“ не уживаат да играат против соседот од Чаир.

Тимот на Горазд Михајлов навистина добро парираше и беше одлично поставен во дефанзива во првите 45 минути, но вториот дел целосно му припадна на домаќинот и на крајот Шкупи забележа убедлива победа.

Трапановски беше најактивен играч на мечот и по негов центаршут пристигна голот на Дуду Сампајо во 54-та минута, а десет минути подоцна, работата стана доста полесна за Шкупи.

Ристовски доби втор жолт картон и го остави Вардар со 10 играчи на теренот, по што Шкупи веднаш профитираше од тоа и преку Трапановски зголеми на 2:0.

До крајот, Гронер постигна уште еден гол и го постави конечниот резултат (3:0), што значи дека „сино-белите“ се израмнија со Струга на првенствената табела.

Вардар го запиша вториот пораз во пролетниот  дел од сезоната, па останува 10-топласиран на табелата со четири бода повеќе од Брегалница.

Во вториот денешен дуел Тиквеш и Силекс ги поделија бодовите играјќи 1-1.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни