Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија спогодбено го раскина договорот со јануарското засилување (Фото)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcshkendija

Шкендија полека се подготвува за новата натпреварувачка сезона и европредизвиците кои ќе ги има во квалификациите во Конференциската лига, но пред самиот старт на завршните подготови, клубот објави разделба со јануарскиот засилување.

Тетовскиот клуб објави дека спогодбено е дојдено до прекин на соработката со Бугаринот Наско Милев, откако двете страни процениле дека најдобро решение е предвремен крај на договорот.

Милев пристигна во Шкендија во зимскиот преоден рок и одигра 13 натпревари во вториот дел од сезоната, на кои успеа да запише и три погодоци.

– КФ Шкендија изразува најголема благодарност до Наско Милев. Бугарскиот напаѓач и раководството на клубот со консензус го раскинаа договорот. По искрен и конструктивен разговор помеѓу раководството, техничкиот штаб, фудбалерот и претставникот на Милев, одлучено е дека во овој момент разделбата е во интерес на двете страни.

– Придонесот и примерното однесување на Наско Милев секогаш ќе бидат ценети во клубот. Сите во КФ Шкендија му посакуваат здравје и се најдобро во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни