Поврзете се со нас

Шах

ШК Алкалоид пред триумф, нова убедлива победа во претпоследното коло

Објавено

на

Фото: Архива на ШК Алкалоид
Фото: Архива на ШК Алкалоид

Со убедлива победа од 5,5:0,5 над Гостивар, шахистите на Алкалоид ја продолжуваат низата на успеси која ги води до одбрана на титулата.

Инѓиќ и Ивиќ на првите две табли меѓу првите успеаја да донесат цел поен и да го отворат резултатот, по што следеа и победите на Лазов, Недев и Станојоски, додека единствено Панчевски ремизираше со Стефановски.

Постигнатите резултати од другите мечеви, како и комплетната табела можат да се видат на следниот линк.

Со 12 бода и максимален учинок, Алкалоид во последното коло влегува растоварен од резултатската неизвесност и е на чекор до промоцијата на новата шампионска титула.

Во женска конкуренција, „фармацевтките“ извојуваа победа над ГШК Неготино со 3,5:0,5 и во последното коло ќе играат со МШК Центар во директен дуел кој одлучува за првото место.

За комплетни резултати од 6. коло и табела во женска конкуренција, погледнете го овој линк.

Фото: Архива на ШК Алкалоид

Фото: Архива на ШК Алкалоид

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни