Поврзете се со нас

Формула 1

Шампионот со сигурен почеток: Ферстапен ја освои пол-позицијата во Бахреин

Објавено

на

foto:twitter.com/HondaRacingGLB

Макс Ферстапен успешно ја стартуваше новата сезона во Ф1 шампионатот каде ја освои пол-позицијата во трката за Големата награда на Бахреин.

Возачот на Ред Бул беше најбрз во денешните квалификации со време 1:29.179 на стазата „Шакур“. Ова за Макс е 33. пол позиција во кариерата со што се израмни со Џим Кларк и Ален Прост.

Во првиот стартен ред друштво ќе му прави Шарл Леклер од Ферари по што следуваат Расел, Сајнц, Алонсо, Норис, Пјастри, Хамилтон и Хулкенберг кој ја зазема десеттата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни