Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот Пелистер договори среден бек од Словенија

Објавено

на

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер додаде уште едно име во играчкиот кадар за натпреварувачката 2023/2024.

Зголемена е словенечката колонија во клубот од Битола или поточно по Лесјак и Цехте за нашиот прволигаш ќе игра и Домен Тајник.

Се работи за среден бек кој потпиша тригодишен договор со „фармацевтите“, Тој доаѓа од Горење Велење, тим со кој има освојувано трофеи во својата земја, но воедно и настапувано во најквалитетните натпреварување на ЕХФ,  Лигата на шампионите и Европската лига.

Инаку Тајник ги има поминато сите младински категории на словенечката репрезентација, а во Оран 2022 година настапи и за сениорскиот тим на Медитеранските игри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни