Поврзете се со нас

Шпанија

Севилја го официјализираше засилувањето од Баерн Минхен

Објавено

на

Во текот на денешниот ден од таборот на Севилја го потврдија засилувањето кое пристигнува од Баерн Минхнен.

Нов играч на клубот од Андалузија е Тангуј Нианзу кој пристигнува во клубот на перманентна основа за сума од 20 милиони евра.

Баерн Минхен ќе има право да го откупи неговиот договор во иднина, а ќе има право и на дополнителни финансиски средства во зависност од следната продажба на играчот.

Инаку, станува збор за 20 годишен стопер кој во Баерн Минхен пред две години пристигна од редовите на ПСЖ.

Минатата сезона во тимот на германскиот шампион забележа вкупно 22 натпревари на кои успеа да забележи еден гол и да додели една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни