Поврзете се со нас

ВТА

Серена испрати „отровна стрела“ откако Халеп доби жестока казна за допинг (Фото)

Објавено

на

Серена Вилијамс замина во играчка пензија и не успеа во намерата да стигне до толку посакуваната 24-та грен слем титула, нешто што пред неколку дена му успеа на Новак Ѓоковиќ.

Иако имаше неколку обиди, Американката губеше во финалињата и не ја израмни Маргарет Корт, но по последниот скандал кој изби во тенисот, Серена алудира на тоа дека една титула треба да и биде вратена.

Вчера беше официјално потврдено дека Симона Халеп добива четиригодишна забрана за играње тенис поради позитивниот допинг тест, а оваа вест предизвика многу реакции во јавноста.

Романката се огласи и најави дека ќе се жали во судот за спорткса арбитража и ќе се обиде да ја поправи сликата, но Серена очигледно смета дека една титула од Вимблдон треба да и биде вратена.

Халеп ја победи Вилијамс во големото финале во 2019-та година, а Серена по објавената казна за Симона ја напиша следната порака.

– Осум е подобар број….., – порача Серена која кариерата ја заврши со седум титули на грен слемот во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни