Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Седлоски расположен за шеги по големиот резултат против „својот“ Динамо: Дојдете во Скопје на ќебапи!

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Гоце Седлоски како тренер на Шкупи се врати на теренот на Динамо Загреб, клуб во кој има свое фудбалско минато, поради што беше топло пречекан од домашните навивачи.

Атмосферата на „Максимир“ сепак не беше така добра кога Шкупи извлече поволни 2:2 пред реваншот во Скопје, а доброто издание и поволниот резултат направиле Седлоски да биде до толку добро расположен, па излагањето го завршил и со шега.

– Честитки до играчите на двата тима, тоа беше врвен меч. Штета што примивме гол на крајот од првото полувреме. За мене, Динамо и натаму е фаворит, но во Скопје ќе имаме полн стадион и ќе видиме што ќе се случи.

– Се плашев бидејќи моите играчи за првпат се дел од вакви натпревари, но одговорија добро и заслужено дојдовме до реми. Не треба да летаме по овој резултат, тоа им го нагласив на играчите. Фала за публиката која ме поздрави со аплаузи, благодарност и до навивачите кои дојдоа од Македонија. Можеби Динамо не потцени, но ние одигравме одличен натпревар.

– Сите мислеа дека доаѓаме во Загреб за да загубиме, но моите играчи го дадоа последниот атом од силите. Имавме проблеми на Гибралтар, но овојпат беше поинаку. Затоа фудбалот е интересен, имате нова шанса, сега имаме една седмица да се подготвиме. Играа и двајцата играчи кои имаа проблем во ноќен клуб (Адетунџи и Фаустин). Сега, дојдете во Скопје и ќе јадеме малку ќебапи, – изјавил за крај Седлоски со насмевка на лицето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни