Поврзете се со нас

Светски првенства

Саки го знае „рецептот’: Со „формулата Марадона“ можат да се запрат Меси и Мбапе

Објавено

на

Во недела се игра големото финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција, финале кое е директна пресметка на двајцата најдобри стрелци на шампионатот Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Многу се говори за овие двајца и колку истите ќе бидат клучни во битката за мундијалскиот трон, популарната Божица. Аргентинецот како и Французинот покажаа доста на шампионатот и сега останува да го направат оној последен чекор секако со помош на соиграите.

Кој ќе излезе како победник ќе дознаеме во последниот ден од оваа седмица, а во меѓувреме легендарниот Ариго Саки кој вниманието го следи ова СП даде идеја за тоа како можат да се неутрализираат Лео и Килијан.

Саки смета дека може да се искористи неговиор пример, план за тоа како тој како предводник на Милан се справувал со тогашниот генијалец на Наполи, Диего Армандо Марадона.

-Имаше три начини. Првата беше да се задржи топката, па Диего ја немаше. Вториот беше да се притисне високо, за Диего да не ја добие топката. Трето, ако Диего ја добиеше топката, ќе се соочиме со него како единица (тим) Истото важи и за Меси и Мбапе, два феномени, -порача Саки за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни