Поврзете се со нас

АТП

Руседски: Новата генерација е тука, но Ѓоковиќ ќе освои 25. грен слем титули

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ оваа година беше многу блиску да дојде до календарски грен слем, но без разлика на тоа што на крајот не успеа да ја оствари таа цел тој дојде до бројката од 20 триумфи на најголемата сцена со што се израмни со досегашните рекордери Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Секој триумф во Мелбурн, Париз, Лондон или Њујорк ќе значи нова историја, историја која според Грег Руседски дефинитивно ќе биде испишана.

-Мислам дека Новак ќе освои 24 или 25 грен слем титули. Секогаш е фаворит во Австралија, иако сега не знаеме дали таму ќе игра. Доколку ја освои титулата во Мелбурн, ќе го има 21. грен слем. Речиси е сигурно дека ќе освои најмалку две годишно, така што веќе сме на 22. Во сезоната потоа може да додаде уште една или две титули… Значи, тоа е некаде меѓу 23 и 25 титули

-Мислам дека целта му е да освои 25 титули, да стане рекордер во сите категории и со тоа најдобар на сите времиња. Прочитав статија со изјави на Пит Сампрас во која тој рече дека врз основа на сè што е направено Новак е веќе најдобар на сите времиња, -рече Руседски кој свовремено беше 4. тенисер на светот.

Воедно Грег смета дека Надал и Федерер повеќе не се најголеми противници на Србинот туку тоа е новата генерација на играчи.

-Новак е фаворит. Рожер се опоравува, зборуваше за потенцијално враќање дури во лето. Рафа го има овој проблем со стопалото. Новак е неверојатен. Прашањето е кој ќе го спречи. Мислам дека тоа нема да биде Надал или Федерер. Негови најголеми ривали сега се Зверев, Циципас, Медведев… Новата генерација е тука, но Ѓоковиќ не сака да го предаде тронот, -заклучи Руседски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни