Поврзете се со нас

Свет

Руни: Заврши ерата на Меси и Роналдо, најдобар на светот е…

Објавено

на

Вејн Руни своевремено беше еден од најдобрите играчи на својата позиција, играч без кој едноставно не можеше да се замисли Манчестер Јунајтед кога беше на највисоко ниво во кариерата.

По завршувањето на кариерата тој му се посвети на тренерскиот занает и во моментов го води Ди-Си Јунајтед, но одвреме навреме знае да биде активен, актуелен со коментар, ставови за актуелните случувања во светот на фудбалот.

Токму англискиот репрезентативец имаше можност преку Тајмс да порача дека е завршена ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но и дека за него најдобар на светот е Ерлинг Халанд.

-Ерлинг Халанд е најдобриот фудбалер во светот во моментов. Лионел Меси е најголем, но во овој момент, никој не игра подобро од напаѓачот кој – иако јас срушив рекорди во таа позиција – ми го одзема здивот со нивото што ги достигнува. Тој е најдобриот во светот заради бројките што ги има, настапите и менталитетот што го покажува.

-Ако погледнете кој треба да ја освои „Златната топка“ за 2023 година тогаш мора да биде тој, под услов да ја задржи својата форма на оваа сезона. Зошто тоа да не го направи? Рекорд од 224 гола на 264 натпревари е белег на играч чии стандарди не паѓаат. Имавме ера на Меси и Кристијано Роналдо, сега ова е негово време, ерата на Халанд и Килијан Мбапе, -порача Руни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни