Поврзете се со нас

АТП

Рубљов: Ова е како некој покер меч, ама Ѓоковиќ нема да игра на АО

Објавено

на

Наредниот месец се игра првиот грен слем во 2022 година и тоа во Мелбурн каде се очекува еден вистински спектакл, празник за сите љубители на тенисот.

Меѓутоа овој настан може да биде осиромашен за играчот кој едноставно „гази“ на овој турнир-тоа е првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ. Постои голема дилема дали Србинот ќе игра на Австралија Опен затоа што треба да ги исполни условите за тоа, односно да има примено вакцина против коронавирусот.

Се уште не се знае статусот на Ноле по однос на ова прашање, па сосема очкувано има многу шпекулации, информации, коментари, меѓутоа засега нема ништо официјално.

Свој коментар на оваа тема даде еден од најдобрите руски тенисери, Андреј Рубљов кој смета дека Новак нема да се појави во Мелбурн.

-Судејќи според она што го разбрав од вестите што ги читам, не го очекувајте. Ама ова е како покер натпревар, се чека да видиме кој прв ќе трепне. Мислам дека на крајот се ќе заврши со тоа што нема да дојде. Меѓутоа АО ќе се игра затоа што доаѓа Надал, но ко Новак навистина не дојде, ќе биде многу чудно. Ќе имаме серија турнири во Америка кои исто така бараат од играчите да се вакцинираат.

-Мислам дека вакцинацијата е важна и дека сите треба да се вакцинираат. Но, верувам и во правото на избор што луѓето мора да го имаат. Ако некој одлучи да не се вакцинира и поради тоа остане дома, тоа е избор, нели, -истакна Андреј за „Еуроспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни