Поврзете се со нас

Германија

Розе за ситуацијата со Елмас: Имав разговор со него…

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се пресели во РБ Лајпциг во зимскиот преоден рок со јасна цел да биде стандарден и да има важна улога во редовите на бундеслигашот.

Меѓутоа првите месеци за Елмас се навистина тешки и потврда за тоа е минутажата која ја добива, односно досега само еднаш беше стартер и тоа во соочувањето со Дармштад.

Нашиот ас не е за доволен со статусот и тоа добро го знае тренерот Марко Розе кој веќе имал разговор со него, а пак јавно му порача да биде трпелив затоа што сите во клубот веруваат во него.

-Момците кои во моментов играат на неговата позиција се во добра форма. Ги знаеме нивните квалитети. Имав уште еден разговор со Елиф оваа недела каде што разговаравме за тоа како му оди. За него во моментов не е задоволително, тоа е јасно. Мора и сака да се држи до тоа, гледаме многу во него.

-Понекогаш има фази во кариерата каде што треба да се справите со таков отпор. Тој го прави тоа добро и правилно. Ќе видиме што ќе се случи овој викенд. Тој не мора да игра на позициите во средина каде моментално играат Чави и Дани Олмо. Тој исто така може да се појави напред како втор напаѓач, малку подалеку од првиот напаѓач. Сè е тесно, на потег е Елиф, -порача Розе.

„Биковите“ играат со Волфзбург овој викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни