Поврзете се со нас

Репрезентација

Ристовски: Украина е силна репрезентација, но можеме да оствариме позитивен резултат

Објавено

на

Македонската сениорска репрезентација ја очекуваат два нови натпревари во квалификациите за Европското првенство со тоа што фокусот сега е ставен на првата пресметка против Украина која е закажана за 16 јуни на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тоа е дуел на две селекции кои имаа различен почеток на овој циклус, ние славевме против Малта, додека Украинците загубија од Англија. Украина предводена од легендарниот Сергеј Ребров сигурно ќе сака да се поправи, врати на победнички патеки, но и ние имаме свои планови, амбции кои се надеваме дека ќе ги оствариме пред публиката во Скопје.

-Атмосферата е одлична, сите сме мотивирани кога сме во националниот дрес, сакаме да направиме нов успех и убеден сум дека заеднички ќе се бориме за тоа. Украина е силна репрезентација со фудбалери кои играат во големи клубови, но ние играме на домашен терен, очекуваме поддршка од публиката и верувам дека можеме да оствариме позитивен резултат.

– Против Украина игравме на Европското првенство, но мислам дека ова ќе биде сосема поинаков натпревар, иако се разбира дека одредени анализи ќе користиме и од тој наш меѓусебен меч. Во оваа фаза од подготовките претежно се базираме на тактички работи, ја враќаме свежината и се надевам дека максимално ќе одговориме на задачите на селекторот, -истакна напаѓачот Милан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни