Поврзете се со нас

Репрезентација

Репрезентативците во акција: Финска и Азербејџан се во фокусот (ФОТО)

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревари во наредниве денови и тоа против селекциите на Финска и Азербејџан.

Овие две средби ќе бидат добра можност за селекторот Благоја Милевски да ги провери силите на националниот тим, да види во каква форма се репрезентативците и со тоа да има појасна слика пред предизвиците кои престојат во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Мечевите се играат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, со Финците се соочуваме на 17 ноември од 18 часот, додека со Азербејџан играме на 20 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни