Поврзете се со нас

Македонија

Реакција на Шкупи: Руатубјаје доби црвен картон поради судиски грешки

Објавено

на

Екипата на Шкупи го потврди статусот на фаворит и славеше над Вардар со 3-0 во мечот од Првата македонска лига.

Меѓутоа и покрај резултатот, освоените три бода во таборот на Шкупи повторно има незадоволство и тоа поради црвениот картон кој го заработи дефанзивецот Абдул Руатубјаје.

Чаирчани сметаат дека се оштетени и најавија жалба за картоните на Руатубјаје.

-Двата жолти картони кои му беа доделени на нашиот фудбалер Абдул Руатубјаје на натпреварот одигран во саботата против Вардар, од видео документацијата јасно покажува дека тоа е поради судиска грешка. Ние како клуб ќе упатиме жалба за овие картони. Но, сега веќе не нѐ чуди фактот што судијата направи такви грешки и ни одзеде важен играч пред следниот натпревар, што е многу важен во рамките на Купот. Судиските грешки преку видео ќе ги објавиме во текот на денот.

-Интересен факт, како што се носат погрешни одлуки против нас, така лесно се носат погрешни одлуки, но во корист на нашите противници, -стои во соопштението на поранешниот македонски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни