Поврзете се со нас

Македонија

Ракометарите отпатуваа за Србија и ја отпочнаа мисијата „Дизелдорф“

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација вчера го имаше првиот собир во хотелот Александар Палас, а според најавеното, веќе ова утро тргна на пат кон Србија.

Кирил Лазаров, неговиот стручен штаб и ракометарите ќе одработат тренинзи во Стара Пазова, место каде ќе се реализира првата фаза од подготовките, но ќе биде одигран и еден натпревар.

Македонија ќе одигра пријателси меч против селекцијата на Црна Гора, а потоа ќе следи завршната подготовка за Европското првенство на почетокот на новата година.

Завршен чин на подготовките и увертира за турнирот во Дизделдорф ќе бидат пресметките со Грција, по кои нашиот тим ќе отпатува за Германија на 8-ми јануари.

Македонија на Европското првенство се најде во група со Германија, Франција и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни