Поврзете се со нас

Македонија

Работнички остана без тренер по поразот од Шкупи

Објавено

на

foto:www.fkrabotnicki.com/

Тимот на Работнички вчера беше надигран од Шкупи (3-0) во пресметката од 12. коло во Првата македонска лига, пораз по кој управата на „романтичарите“ одлучи да реагира и да се раздели со досегашниот тренер Милан Илиевски.

И претходно имаше најави дека Илиевски ќе си замине, ќе заработи отказ, но му беше дадена уште една шанса за да сега официјално стигне информација дека спогодбено е раскинат договорот со македонскиот стратег.

Клубот од Дебар Маало информираше дека во  наредните денови ќе биде донесена одлука за тоа кој ќе ја води екипата.

Наредната средба за Работнички е против Силекс на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни