Поврзете се со нас

Македонија

Работнички го промовираше Гроздановски и го продолжи договорот со капитенот Велкоски

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/fcrabotnicki

Македонскиот прволигаш Работнички денеска ги израдува своите фанови со две убави вести, од кои едната е поврзана со засилување, а втората со продолжување на соработката со еден од најважните играчи во составот.

Нов член на „романтичарите“ е репрезентативецот Томче Гроздановски, кој ќе го засили средниот ред на Работнички со потпишувањето на двегодишниот договор и ќе биде големо освежување во тимот предводен од тренерот Милан Илиевски.

Гроздановски доаѓа од словачкиот клуб Злате Моравче, а претходно настапуваше и за хрватски Дугопоље.

– Работнички е еден од најдобрите македонски фудбалски клубови, со шампионско педигре и богата традиција. Навистина ми е чест што ќе го носам дресот на овој клуб. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и верувам дека со соиграчите и стручниот штаб ќе ги исполниме целите на клубот, изјави Гроздановски за официјалната интернет страница на ФК Работнички.

Капитенот Крсте Велкоски го потврди останувањето во тимот од Дебар Маало, потпишувајќи нов едногодишен договор.

– Најубаво е дома. Со Работнички се разбираме со поглед и драго ми е што во пресрет на новата сезона хоризонтот пред нас е сѐ поширок. Верувам дека заедно со момците можеме многу во новиот шампионат, а Работнички секако во себе има шампионски гени, вели Велкоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни