Поврзете се со нас

Македонија

Работнички фати залет и го доби дербито на колото, Гостивар им се врати на победите

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Работнички фати залет по доаѓањето на новите газди и ја забележа шестата победа во низа во домашното првенство, последната оставрена во дербито на 10-то коло во македонската лига.

„Центарци“ имаа подобро отворање на мечот од Еуро Никел и ги добија првите две четвртини против кавадарчани за предност од плус шест (50:44), но потоа се доби впечаток дека фрлија во вода се што напорно работеа во претходните 20 минути.

Работнички одигра катастрофална трета четвртина и уфрли само осум поени, што на најдобар можен начин го искористија гостите кои во последниот период влегоа со предност од плус десет.

Кога се чинеше дека моментумот е на страна на кавадарчани, дојде до нов пресврт на теренот и сега Работнички беше тој кој беше непоколеблив, па со импресивна серија ја надокнади големата негатива и се избори за победа. Откаку анулуираше минус десет и влезе во егал ситуација, домашниот тим отиде на плус седум, по што беше јасно дека победата останува во Скопје (92:87).

Форте и Бакоч беа лидери во победата на Работнички со 21 и 20 поени, додека најефикасен на паркетот беше Планиниќ од редовите на Еуро Никел со 22 поени.

На останатите средби кои се играа денеска, Гостивар се врати на победничките патеки и славеше над Кожув со 100:83, домашна победа оствари и Струмица над Куманово (90:85), додека единствениот гостински триумф го забележа Чаир над ФМП (84:91).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни