Поврзете се со нас

Франција

Пујол „знае“ кој треба да биде новиот клуб на Меси

Објавено

на

Лионел Меси ја отвори втората сезона носејќи го дресот на Пари Сен Жермен, сезона која може да биде негова последна во овој клуб со оглед на тоа што му завршува договорот по крајот на истата.

Иако има доста да се игра во оваа кампања веќе има шпекулации, гласини за иднината на Аргентинецот и за тоа кој би можел да биде неговиот следен потег. Медиумите пред некое време пренесоа дека Барселона е отворена за кам-бек на напаѓачот, односно е спремна да ја поправи грешката која ја направи, грешка која сигурно можеше да се избегне ако подобро менаџираше со парите, финансиите.

Оваа идеја веќе ги израдува навивачите на каталонците, а сигурно би се случил вистински „бум“ ако во 2023 година ова стане реалност. Карлес Пујол е легенда на Барселона, човек кого многу добро го познава Лео Меси и според него би било соврешно ако ветеранот одново би слетал на „Камп Ноу“.

-Не е доцна да се врати Лео Меси. Тој има уште една година од договорот и во тој период може да се случат многу работи. Зависи од Чави и Лео, но тој секогаш ќе биде добредојден во Барса, -порача Карлес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни