Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ го изгласа „новиот“ капитен, Мбапе добил само еден глас

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Луис Енрике не сакаше да ја искористи својата доминанта улога на тренер и одби да го именува новиот капитен на ПСЖ, а за да биде се најтранспарентно, реши да организира интерно гласање од страна на сите играчи во соблекувалната.

Иако веќе беше реализирано едно гласање на крајот на минатата седмица, истото било повторено вчера поради одредени нерегуларности, но и покрај сите перипетии, на крајот првотимците на ПСЖ најмногу гласови му дале на човекот кој и досега беше капитен.

Бразилецот Маркињос останува лидер во соблекувалната и ќе ја носи капитенската лента и под водство на Луис Енрике, а во фер изборот, гласови добиле уште тројца фудбалери.

Угледниот медиум „Радио Монте Карло“ ексклузивно известуваше за настаните во соблекувалната од ПСЖ, па нивните инсајдерски информации откриваа дека Данило Переира завршил втор, а Преснел Кимпембе на третото место.

Килијан Мбапе добил само еден глас (оној од својот добар пријател Ашраф Хакими), па во новата сезона ќе биде четврти избор за капитен во Париз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни