Поврзете се со нас

АТП

Прва Мастерс титула: Рубљов со голем пресврт до славје во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

Андреј Рубљов е победник на АТП Мастерсот во Монте Карло и тоа откако денеска во еден драматичен, возбудлив меч славеше над Холгер Руни со 5-7, 6-2, 7-5,

Голема борба донесе пресметката во Монако, пресметка во која Данецот беше многу блиску до победата со оглед на тоа што во решавачкиот трет сет водеше со 4-1 и имаше брејк топка за 5-1, но токму тука започна кам-бекот на Русинот кој целосно се разбуди, неутрализира противникот и со фантастична игра направи пресврт за славје до 7-5.

Ова за Рубљов е прва Мастер титула од серијата 1000, односно сега има негативен учинок во финалињата од 2-1 со оглед на тоа што претходно беше поразен од Циципас и Зверев во Монте Карло и Синсинати во 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни