Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата ги откри имињата на петте најбрзи играчи во англиската елита: „Молњата“ од Сити е на првото место (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Крајот на премиерлигашката сезона донесе пауза за фудбалските ѕвезди после напорната сезона во која се играше до последен атом од силите, а во период кога излезе распоредот и за новата сезона, полека се прават завршните анализи од онаа која оди во историјата.

Манчестер Сити ја одбрани титулата и со доминантна игра во самата завршница го „украде“ првото место од Арсенал, но после тоа нареди уште два големи успеси во ФА Купот и Лигата на шампионите и режираше сезона од соништата.

„Граѓаните“ веќе неколку сезони доминираат во англискиот фудбал и тоа го потврдија со третата титула во низа, а една од причините за тоа е и брзината со која располагаат дел од играчите на Сити.

Премиер лигата го објави официјалниот извештај од мерењата кои ги направиле експертите, кои откриваат дека Кајл Вокер бил најбрз играч во Англија и покрај тоа што има 33 години.

„Молњата“ од „Итихад“ достигнала брзина од 37,31 километар на час, што го става на првото место пред Бренан Џонсон, Михаило Мудрик, Антони Гордон и Дарвин Нуњез.

Интересно, Ерлинг Халад е само осми на официјалната листа, со достигната максимална брзина од 36,22 километри на час.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни