Германија
Поранeшниот клуб на Чурлинов остана без тренер
Поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, Штутгарт е во потрага по нов тренер откако управата одлучи да се раздели со досегашниот предводник Пелегрино Матарацо.
Штутгарт е единствениот состав кој по 9. кола нема ниту една победа во Бундеслигата, па поради тоа беше решено дека е време за промена и отказ за Матарацо. Американецот три години го водеше овој клуб во кој имаше подеми и падови, добри и лоши моменти, но на секоја приказна и има крај, па така и е случајот со 44 годишниот стручњак.
-Нашето заедничко патување во Шттугарт заврши. Ова беа прекрасни години исполнети со многу неверојатни моменти и спомени кои ќе траат засекогаш. Секогаш ќе бидам благодарен што ми се укажа шансата да стапнам на тренерската скала овде. Штутгарт посебен клуб кој го разбирате само кога сте дел од него. На овој тим, на овој клуб со овие навивачи му посакувам се најдобро и максимален успех, -порача Матарацо.
Кој ќе биде неговиот наследник се уште не е одлучено.
-
Македонијапред 21 час
Струга го отпушти тренерот на три кола до крајот на шампионатот
-
Олимписки игрипред 22 часа
И на Пешиќ му „пукна филмот“: Здодевни сте со Јокиќ…
-
Лига на шампионипред 21 час
Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување (ФОТО)
-
НБАпред 13 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Англијапред 20 часа
Опции за Португалецот: Пет клубa во кои Фернандеш може да направи трансфер ова лето
-
Италијапред 14 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Лига на шампионипред 24 часа
Судиска одлука за која ќе се зборува: Душебајев и Карачиќ на колена, Талант се фаќаше за глава (ВИДЕО)
-
Англијапред 23 часа
Навивачите на Челси не се толку храбри во живо: Можеби се плашат од моето куче…(ФОТО)