Поврзете се со нас

Македонија

Полскиот гигант активен на македонскиот пазар: Кјелце ангажираше играч на Охрид! (Фото)

Објавено

на

Кјелце во неколку наврати сериозно го засили својот тим со важни ракометари на Вардар кои не останаа во тимот за време на финансиската криза, но полскиот ракоментен великан гледа доста пошироко во македонското првенство, па сега го обезбеди потписот на еден од најголемите таленти во нашата Прва ракометна лига.

Станува збор за српскиот интернационалец Стефан Додиќ кој оваа сезона настапува за Охрид, а кој претходно беше член на Металург каде веќе се прослави како играч со огромен потенцијал.

Големиот Кјелце очигледно го препозна тоа и сега реши да го ангажира младиот ракометар на Охрид, кој ставил потпис на четиригодишен договор со полскиот првак.

Кјелце со огромно задоволство му посака добредојде на Додиќ со договорот кој ќе трае до 2026-та година, што е само потврда за сериозниот проект кој го има клубот за наредната натперварувачка сезона.

Покрај младиот Србин, Кјелце претходно ги договори Недим Ремили, Сташ Скубе, Елиот Стенмалм, Халил Јагањац и Беноа Конку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни