Поврзете се со нас

Светски првенства

Покетино за Меси: Луѓето мислат дека е тивок…

Објавено

на

Пред нас е големото финале на Светското првенство во кое силите ќе ги одмерат Аргентина и Франција.

Франција сака да ја одбрани титулата, додека пак „гаучосите“ сакаат по долга пауза да дојдат на светскиот врв, трон што многу ќе зависи од Лионел Меси. Меси е одличен на овој шампионат, дава голови, асистира, но и е много вокален што изненади доста луѓе, ама не и Маурисио Покетино кој добро го познава сонародникот.

-Не се само настапите што се она и што го очекуваме. Луѓето мислат дека тој е тивок, но понекогаш она што го гледате однадвор е погрешно. Тој има многу силен карактер. Тој не зборува премногу, но зборува кога треба. Можеби сега го гледаме како повеќе зборува поради камерите и технологијата.

-Го гледаме вистинскиот Меси. Секогаш беше ваков. Луѓето сакаат да зборуваат во митови и сите знаеме дека има многу такви во фудбалот. Во моментов, Меси игра најдобро во секоја област, а кога го имате тоа на ваша страна, може да се случат само добри работи, -рече Покетино за „Атлетик“.

-Тој точно знае како треба да се однесува, не само на теренот туку и надвор од него. И мислам дека лидерството што го покажува е зошто луѓето конечно веруваат дека ова може да биде време кога пехарот од Светското првенство ќе се врати во Аргентина. Можете да го видите како ја води играта, како разговара со судиите, со Лионел Скалони, дури и со противниците. По четврт-финалето против Холандија, кога Аргентина победи на пенали, слушнав дека некои луѓе го споредуваат водството на Меси со лидерството што го покажуваше Марадона. Меси сега е лидер кој и е потребен на Аргентина, а за мене тоа е огромен чекор за него, -додаде Маурусио.

Финалето е закажано за в недела од 16 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни