Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино посебно издвои три ѕвезди на Реал пред големото дерби во Париз: Тие се познаваат до совршенство

Објавено

на

Маурисио Покетино добро знае што значи да се игра против Реал Мадрид, бидејќи тоа го правеше како тренер на Еспањол, но и како менаџер на Тотенехем во Лигата на шампионите.

Аргентинскиот стручњак успеа да го победи „кралскиот клуб“ во 2017-та година со 3:1 и одигра 1:1 на „Бернабеу“, но и самиот е свесен дека сега влогот во осминафиналето ќе биде многу поголем, бидејќи силите ќе ги одмерат едни од главните фаворити за титулата во најелитното натпреварување.

Покетино го победи Реал во групната фаза пред пет години, а сега како тренер на ПСЖ, нагласи дека посебно импресивно за него е што средниот ред на противникот е ист како и тогаш.

– Добро се сеќавам на тие две пресметки во 2017-та година. Ги победивме на „Вембли“ 3:1 и одигравме нерешено во Мадрид. Сепак, сега се работи за друг тим, имаа друг тренер и друга идеја.

– И јас имам друг тим, а најимпресивно и најважно за мене е тоа што ќе играм против ист среден ред. Модриќ, Касемиро и Крос се познаваа до совршенство. Секако дека има разлика, тие се многу воиграни, а ние сме тим кој се запозна изминатото лето. Го почитуваме Реал Мадрид, тоа е еден од најдобрите тимови во светот. 13-те титули во Лигата на шампионите ја покажуваат големината како клуб. Сепак, сметам дека нема изразит фаворит во овие две осминафинални пресметки, овој двомеч може слободно да биде и финале во Лигата на шампионите. Има толку квалитет и силни играчи за слободно да играме финале на Лигата на шампиони, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни