Поврзете се со нас

Италија

Пирло објасни зошто Роналдо нема да игра против Беневенто

Објавено

на

Јувентус утре му гостува на Беневенто, а тренерот Андреа Пирло реши да ја одмори првата ѕвезда на екипата, Кристијано Роналдо.

Португалецот не отпатува со соиграчите за овој дуел од Серија А, а Пирло во обраќањето до новинарите објасни зошто донел таква одлука.

– Кристијано нема да патува затоа што е заморен, одигра многу натпревари без одмор изминатиов период. Тој нема да патува за Беневенто, – појаснил Пирло.

Арон Ремзи на дуелот со Ференцварош се врати на теренот по паузата поради повреда, а денеска добил многу комплименти од својот тренер.

– Тој ме изненади, во него гледам офанзивен играч во средниот ред. Тој е интелигентен фудбалер кој постојано се позиционира добро, знае да најде простор за проигрување, – изјавил тренерот на Јувентус.

Утре натпреварот се игра од 18 часот, а Јувентус заостанува четири бодови зад лидерот Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни