Поврзете се со нас

Италија

Пиоли сака да го задржи играчот на Реал кој брилјира во последно време: Прераснува во светска класа

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Милан вечерва ќе брка заверка на полуфиналето во Лигата на шампионите на дерби натпреварот против Наполи на „Диего Армандо Марадона“, средба на која клучни се очекуваат да бидат играчите во нападот, но и оние одговорни за транзиција.

„Росонерите“ победија на првиот меч во Милано благодарение на голот на Бенасер, но сите беа согласни дека погодокот пристигна по извонредната техника која ја покажа Брахим Дијаз, кој извади од игра двајца играчи на Наполи на зачетокот на акцијата.

„Десетката“ на Милан значително го подигна нивото во последно време и се претвори во одлучувачки играч во стартната постава, но во овој момент, се уште нејасно е дали ќе биде откупен од клубот, или ќе мора да се врати во Реал Мадрид.

Брахим се уште важи за играч на „кралскиот клуб“, бидејќи неговиот важечки договор со Реал е до 2025-та година, без оглед на двогодишната позајмица во Милан.

– Брахим расте многу во последно време и тоа им е јасно на сите кои гледаат фудбал во Европа. Тој е младо момче, но има неверојатен каркатер и сака да игра под притисок. Полека се претвора во играч од светска класа и јас би бил презадоволен ако можам да работам со него и во иднина. Сепак, тоа не зависи од мене, – вели Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни