Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси: Ако ни се повтори истото, ќе одам во црква

Објавено

на

Србија си ги закомпликува работите во својата група со вториот пораз од Унгарците во квалификациите за Европското првенство, па така сега има силен императив да брка три бода во балканската пресметка со Црна Гора.

Тимот на Драган Стојковиќ утре како домаќин влегува како фаворит во дуелот со Црна Гора, а селекторот Пикси искрено се надева дека среќата овојпат нема да им го заврти грбот како пред неколку дена.

Два гола на Србија беа поништени поради ВАР и „орлите“ во два наврати ја гаѓаа рамката од голот, па Пикси денеска нагласил дека ќе посети и црква ако му се случи нешто слично.

– Секој нареден меч е најважен, па сега најважен е натпреварот со Црна Гора. Утре е момент на вистината за нас, сакаме да победиме и знаеме дека можеме во тоа. Веруваме дека ќе одиграме најквалитетно и најдобро досега, се надеваме дека спортската среќа нема по вторпат да не изневери.

– Нема многу филозофии, ќе излеземе на терен да победиме, да одиграме како против Унгарија, но со една промена, да постигнеме голови. Ако не постигнеме гол и ни се повтори истото, не знам што ќе правам следно. Единствено да одам во црква и да запалам свеќа, – изјавил Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни