Лига на шампиони
Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме во ЛШ, но потоа…
Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер загуби од Алборг со 33:28 во 13. натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.
Ова за битолчани беше последен меч на домашен терен, меч на кој се бореа низ сите 60 минути, меѓутоа Алборг во моментов е на друго ниво и заслужено дојде до резултатот што го посакуваше.
-Честитки до Алборг за триумфот во оваа пеколна арена. Мислевме дека Алборг ќе потпадне на притисокот, но тоа е ѕвезден тим со многу титули зад себе има одиграно многу вакви натпревари. Покажаа дека се подобар противник. Сметам дека за разлика од другите натпревари ова беше нашето најдобро прво полувреме на домашен терен во ЛШ.
-Игравме егал во првото полувреме, а потоа отворивме лошо и кога ќе направите грешки против ваков противник е тешко да се вратите во игра. Наша задача поради овие прекрасни навивачи и да одиграме максимално и на последниот натпревар во Норвешка. Нема да се предадеме против Колстад. Пред нас е возбудлива пролет и се надеваме на нови успеси, -порача капитенот Жарко Пешевски.
-
Светски првенства18 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија13 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Репрезентација15 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Свет20 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско
-
Шпанија18 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија23 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација22 часа
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман