Поврзете се со нас

Балкан

Перишиќ точно знае кој ќе биде негов следен чекор во кариерата: Мора да си го исполнам тоа ветување

Објавено

на

Иван Перишиќ е една од големите фудбалски ѕвезди од Хрватска која изминативе денови е крајно популарна во својата земја, од едноставна причина што „коцкестите“ одново се вратија со освоен медал од еден фудбалски мундијал.

По големиот пречек кој беше приреден во Загреб и на кој имаше околу 80 илјади фудбалски фанови, фудбалерите заминаа во своите родни краишта за да ги поздрават најблиските, па така Перишиќ вчера и денеска беше главна фаца во Сплит, но и родниот Омиш.

Говорејќи пред своите сонародници, Перишиќ денеска излегол со ветување дека набрзо ќе се врати во матичниот клуб и конечно ќе одигра официјален меч за Хајдук, неговата прва љубов.

– Не е важно што им имам ветено на другите, важно е тоа што си го ветив на себе, а тоа е да се вратам во Хајдук. Минав во Хајдук седум години како дете, но никогаш не дебитирав на официјален меч за првиот тим.

– Моето враќање мора да се реализира. Тоа ќе биде наскоро, но не можам да ви кажам кога точно. Морам да одиграм барем една сезона во Хајдук пред да се пензионирам. Мора да ја освоиме титулата и да ги „запалиме“ Омиш, Сплит и цела Далмација, – порачал Перишиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни