Формула 1
Перез му го прекина интервјуто на Алонсо по неверојатната борба во Бразил, Шпанецот откри дел од конверзацијата (Видео)

Макс Ферстапен рутинирано запиша нова победа на трката за Големата награда на Бразил, но задолжени за спектакл на Интерлагос беа Фернандо Алонсо и Серхио Перез.
Возачите на Астон Мартин и Ред Бул приредија вистинско уживање за неутралните Ф1 фанови, бидејќи најпрво Мексиканецот беше оној кој нападна и го мина Шпанецот, за потоа ветеранот да возврати во последниот круг пред да го одбрани третото место.
Двајцата завршија во фото-финиш и сантиметри му ја донесоа победата на Алонсо во овој директен дуел, кој интересно мина и со џентлменски манири по крајот на трката.
Доказ за тоа е и видеото кое доаѓа од крајот на трката, кога Перез го прекинал интервјуто на Алонсо за да му честита за фантастичната борба.
– Му се извиним, но и му кажав да не ме става под ваков стрес….. Не сум 20-годишен……, – изјави Алонсо.
#Alonso #Perez #brazilGP #F1 pic.twitter.com/U8iPiASQnZ
— F1 Images (@F1_Images) November 5, 2023
🔥 ALONSO – PEREZ, +0.053 FARKLA FİNİŞ ANI! pic.twitter.com/rKXLoSFloM
— Motorsport Türkiye (@motorsportcomtr) November 6, 2023
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 24 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 23 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 13 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот