Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер убедлив против Пролет, Алкалоид со нова победа обезбеди излез во Европа

Објавено

на

Еурофарм Пелистер оствари рутинска победа на гостувањето во Скопје кај Тинекс Пролет во средбата од 11. коло во Суперлигата.

Битолчани славеа со 30-17 и со тоа остануваат во трка со Вардар за пехарот во најсилната домашна ракометна конкуренција.

Најпрецизен на теренот беше (Петар) Атанасијевиќ со 6 голови, додека за домаќините Димов и Димковски постигнаа по 3 голови.

Алкалоид пак го реши Охрид со 31-23 и со тоа дефинитивно избори пласман во Европа за наредната сезона.

Голманот Галевски блескаше и забележа 14 одбрани, листата на стрелци ја предводеше Серафимов со 6 голови. Кај Охрид се истакнаа Казеин Рустамов и Гал Цирар со шест, односно пет реалзиации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни