Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер и Вардар во иста група, сезоната почнува со големо дерби во „Јане Сандански“

Објавено

на

Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе имаат повеќе соочувања во новата сезона, а причината за тоа е што големите ривали се најдоа во иста група и ќе ги одмерат силите уште во регуларниот дел на Суперлигата.

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа извлекување на натпреварувачките броеви за сезоната 2023/2024, ждрепка која сакаше Пелистер и Вардар да бида во иста група заедно со Бутел Скопје, Пролет, Голден Арт, Прилеп, Вардар Неготино, Мулти Есенс.

Уште поинтересно е дека поранешниот и актуелниот шампион ќе ги одмерат силите уште на самиот старт и тоа во Скопје.

Во групата А пак носител беше Алкалоид кој во првата фаза ќе разигрува со Тиквеш, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Куманово, Скопје, Аеродром.

ГРУПА А: Алкалоид, Тиквеш, Охрид, Еурофарм Пелистер 2, Струга, Куманово, Скопје, Аеродром

ГРУПА Б: Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел, Тинекс Пролет, Голден Арт, Прилеп, Вардар Неготино, Мулти Есенс.

Прво коло:

Група „А“ : Струга – Охрид, Куманово – Аеродром, Тиквеш – Е. Пелистер 2, Скопје – Алкалоид

Група „Б“ : Тинекс Пролет – Вардар Неготино, Прилеп – Бутел, Вардар – Е. Пелистер, Мулти Есенс – Голден Арт

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни