Поврзете се со нас

Репрезентација

Панчев: Пандев има голем придонес за македонскиот фудбал, но загуби и од Андора

Објавено

на

Дарко Панчев направи анализа за српски „Курир“ по големата победа која ја остваривме над Италија, но германските медиуми сега објавија едно негово интервју направено непосредно пред мечот со Португалија, кој за жал го загубивме со 2:0.

Благоја Милевски како предводник на оваа генерација на фудбалери добива огромна поддршка од „Златната копачка“ и легендарен македонски напаѓач, кој смета дека Фудбалската Федерација не треба воопшто да се мисли и треба да го награди со нов четиригодишен договор по сето она што го прикажа селекцијата.

– Да бев претседател на Федерацијата на Македонија, веднаш би му го продолжил договорот на уште четири години. Навистина сум импресиониран од неговата работа и концептот кој го применува. Станува збор за тренерот кој направи одлична работа со младинската селекција на Македонија, тој за мене е најдобриот селектор кој што сме го имале од нашето постоење, – вели Панчев.

Легендарниот Панчев во истото интервју зборува и за придонесот кој го имаше Горан Пандев за најсилната селекција, од која реши да се повлече по крајот на Европското првенство.

– Придонесите за Горан Пандев за македонскиот фудбал се неспорни, никако не смее да се заборави дека неговиот гол во плејофот против Грузија не однесе на Европско првенство. Сепак, со него во стартниот тим, еднаш загубивме и од Андора. Исто така, по неговото заминување, сметам дека играчи како Елмас, Барди или Адеми ќе можат повеќе да се развиваат, а тоа е добро за тимот, – вели Панчев во интервјуто кое може целосно да го прочитате на следниот ЛИНК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни