Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Осимен се враќа, Елмас ќе чека шанса од клупа кај Наполи, Пиоли не направи промени во составот

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Наполи го пречекува реваншот во Лигата на шампионите против Милан со повратникот Виктор Осимен, но без нашиот Елјиф Елмас кој се сели на клупата за резервни фудбалери.

Актуелниот лидер во Серија А има негатива од првата средба, но и сериозен оптимизам кај фановите поради враќањето на Осимен, кој ја пропушти првата средба поради повреда.

Сепак, Лучијано Спалети не мина без проблеми и за оваа средба, бидејќи Ангиса и Ким се суспендирани, па тоа е голем хендикеп во останатите делови од формацијата.

Кај Милан нема големи изненадувања, па Леао и Жиру ќе бидат најопасни во нападот на „росонерите“, а Стефано Пиоли се реши на истата стартна постава од првата средба.

Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Жезус, Руи, Ндомбеле, Лоботка, Зјелински, Политано, Кварацхелија, Осимен

Милан: Мењан, Калабрија, Кјаер, Томори, Ернандес, Круниќ, Тонали, Диаз, Леао, Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни