Поврзете се со нас

Италија

Осимен се пожалил на повреда и предизвика загриженост во Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Наполи не може да биде задоволен од почетокот на актуелната сезона, а вечерва стигна уште една разочарувачка вест за клубот и фановите.

Првата ѕвезда, Виктор Осимен, денеска се пожалил на повреда на пријателскиот натпревар меѓу Нигерија и Саудиска Арабија, по што бил принудно заменет во 59. минута од натпреварот.

Нигерискиот напаѓач заработил удар и се нашол на теренот, по што побарал замена од клупата и на негово место влегол Мофи.

Засега не е јасно на каква повреда се пожалил Осимен, а тоа допрва ќе биде искомуницирано со лекарскиот тим на Наполи, кој ќе треба да го преземе напаѓачот по овој настап.

Натпреварот завршил со резултат 2:2, а Саудиска Арабија се изборила за ремито со гол длабоко во судиското надополнување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни