Поврзете се со нас

Свет

Ончев одигра без грешка во победата на Тримо Требње

Објавено

на

Македонските интернационалци, Тоше Ончев и Милан Лазаревски прославија победа со својот Тримо Требње во првата лига на Словенија што е одлична најава за дербито против Целје закажано за 29 април.

Тримо како гостин славеше над Рико Рибница со 32-30 и тоа во средба во која клучната предност ја направи во првиот дел кој го реализираше со 18-11. Ончев имаше одличен меч и даде пет гола од исто толку обиди, додека Лазаревски даде еден погодок од два шута.

Составот на Тримо со 35 бодови е второто место на табелата, а Целје кој има натпревар повеќе е лидер со 41 бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни